Захарова: Социјалните мрежи ги очекуваат темелни промени

Friso Gentsch/dpa/Global Look Press
Во сферата на социјалните мрежи во светот ќе дојде до престројување, тие ќе се менуваат и на своја кожа ќе го почувствуваат притисокот или влијанието, смета портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. „Злото на пропагандата бледнее во споредба со заканата што ја носат лажните вести“, истакна таа.

„Ние веќе го гледаме капиталниот почеток на престројувањето, модерацијата, законската регистрација на социјалните мрежи. Ако ова досега, во текот на изминатите неколку години беше вовед, денес таа сфера секако ќе почувствува притисок или влијание, но таа, во секој случај, на овој или оној начин ќе се менува“, рече Захарова, пренесуваат руските медиуми.

Захарова истакна дека денес главната закана во медиумската сфера се лажните вести.

„Со години за главна закана се сметаше пропагандата. Се сеќавате, сé се засноваше на тоа. Како главен давител на слободата на медиумите, фактор што го спречува развојот на новинарството, пречка за работата на новинарите важеше пропагандата“, додаде претставничката на рускиот надворешнополитички ресор.

Како што истакна таа, „злото на пропагандата бледнее во споредба со заканата што ја носат лажните вести“.

„Затоа што на пропагандата можете да се спротивставите, имате алатки за тоа, постојат закони, со таа цел се направени меѓународни институти, создавано е граѓанското општество“, објасни дипломатот.

Захарова истакна дека „на пропагандата можете да ѝ се спротивставите, а на лажните вести не“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња