Споменикот е подигнат во знак на благодарност за нивната работа во текот на карантинот. Предлогот да се подигне таков споменик им припаѓа на најголемите руски онлајн продавници. Тие сметаат дека мора да се истакне важноста на работата на куририте кои им овозможија на луѓето да имаат сé што им беше потребно за време на пандемијата и самоизолацијата.
На споменикот што е поставен во Москва на територијата на „Друштвото на Рјабовската мануфактура“ се изгравирани зборовите: „На оние кои овозможија самоизолацијата да биде изводлива“.
„Во текот на пандемијата куририте беа главната алка што го поврзуваше надворешниот свет со нашите домови. Токму куририте секојдневно одеа на работа дури и не мислејќи на тоа дека прават подвиг“, вели авторот на споменикот Алексеј Гарикович.
Во услови на самоизолација во Москва работеа околу 60000 курири.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче