Русинка собори светски рекорд поминувајќи пеш 163,5 километри за еден ден

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Drahoslav Ramik / CTK/Global Look Press
Петербуржанка го собори претходниот рекорд на Полјачката Катарина Марондел, кој изнесуваше 149 километри и 120 метри.

Русинката Ирина Маркова постави светски рекорд во северно (скандинавско) одење, се соопштува на страницата на руската федерација на овој вид спорт на социјалната мрежа ВКонтакте. 

Во текот на ултрамаратонот под називот „Време за рекорди” руската спортистка помина 163 километри и 525 метри, што е ненадминат успех во оваа дисциплина. Петербуржанката го собори претходниот рекорд на Полјачката Катарина Марондел, кој изнесуваше 149 километри и 120 метри.

Освен тоа, Аљбина Тумасјан од Череповец во рамките на овие натпреварувања го собори рекордот на Русија во одење за 12 часа. Тој сега изнесува 75 километри и 60 метри.

Скандинавско одење е спорт во кој се користи одредена техника на одење со помош на специјални стапови. Со светска популарност овој спорт се стекна кон крајот на 90-тите години од минатиот век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња