Дали знаевте за каков трик е подготвена Алјонка од обвивката на руската чоколада? (ВИДЕО)

Секој може да стане магионичар и со трик да ги воодушеви гостите.

Руски блогер им покажа на своите следачи едноставен трик со обвивка од чоколадата „Алјонка“. Доколку фотографијата се свитка на соодветните места, со едно движење може да се смени расположението на девојчето. Таа може да ги намурти веѓите, а потоа повторно да почне да се смее.

Странците се воодушевија, а Русите, кога го видоа видеото, слегнуваа со рамената, со коментарот „тој трик ѝ го покажував на ќерката пред десет години“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња