„Пепелашка од парадата“ ја изгуби чевличката, но до крај држеше чекор во стројот (ВИДЕО)

Виталиј Невар/TASS
„Дајте ми го нејзиното име. Ќе биде наградена“, вети командантот на Балтичката флота.

Една од учесничките во Парадата на Победата во Калининград која во текот на маршот го загуби чевелот, но не го наруши стројот, ќе биде наградена. Ова го изјави командантот на Балтичката флота Александар Носатов. На социјалните мрежи девојката веќе го доби прекарот „Пепелашка од парадата“.

„А посебно сакам да ја пофалам девојката која го загуби чевелот. Ве молам да ја издвоите, специјално ќе ја пофалам“, рече адмиралот. „Затоа што, кога го загуби чевелот, не го наруши стројот. Никој не ни забележа. Затоа посебно дајте ми го нејзиното име. Ќе биде наградена“.

Снимките на кои може да се види оваа мала незгода претходно беа објавени на интернет. На нив се гледа како девојките маршираат во колона. На едната од нив ѝ испаѓа чевелот од ногата и останува да лежи на плоштадот, а таа продолжува да маршира боса.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња