Сé почна од постот на водителката на руската телевизиска емисија на Прв канал „Ајде да се венчаме“ во која идната невеста или младоженецот си избираат брачен другар од три понудени кандидати. Водителката Роза Сјабитова им предложи на своите следачки да ги испратат најнеуспешните комплименти што им ги упатиле мажи.
„Ти си толку мала што може да те собере во багажник, ми рече еден маж, алудирајќи на мојот низок раст. Јас му одговорив на тоа дека и него може да го собере во багажник, но во делови“, напиша @kaminarikon.
@Maslova_elena23 вели дека еднаш еден припадник на обезбедување во метрото ѝ рекол: „Имате очи како крава“. Подоцна се покажа дека тој само сакал да ги пофали нејзините долги трепки.
„Ми се доапаѓаат твоите брчки“, сподели неуспешен комплимент @juicy_fruit_elen.
Комплиментите кои се претвориле во својата спротивност руските дами и без тоа ги споделуваат на социјалните мрежи.
„Кога имав околу 18 години, едно момче кое многу ми се допаѓаше забележа: За твоите години имаш изненадувачки малку акни“, напиша на „Фејсбук“ Олга Козлова под објавата со такво прашање.
Ана Устинова еднаш го прашала своето момче кој дел од нејзиното тело го смета за најубав.
„Тој по кратко размислување одговори. „Па... ноктите“, вели Устинова.
Најлошите комплименти се предмет на дискусија и на „Твитер“.
„Ја сакам твојата бушава глава токму тука“, е најлошиот комплимент што го добила една од корисничките.
Момчето на корисничката @karinanoskoova ѝ рекол дека таа мириса на истиот парфем како и неговата бивша девојка и дека е подготвен да ѝ купи уште илјада шишенца од истиот мирис.
„Здраво, сигурно во школо си имала петка по цртање. Убаво ги црташ веѓите“, напиша за најлошиот комплимент @vbrosmyslei.
„Одамна те немам видено, убави патики, а гледам си се здебелила“, го сподели својот комплимент @_VDS_.
„Ти си како мајка Русија, толку студена, широка, огромна, ама сакана“, напиша @Supra9805.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче