Припадници на единиците на Централниот воен округ во градот Самара во Русија одржаа мини-парада во дворот на куќата на учесникот во Втората светска војна Виктор Метрикин, носител на два медала „За храброст”.
Парадните чети на мировната формација и бригадата за специјална намена му ја честитаа на ветеранот 75-годишнината од победата, трипати изговорија „Слава“ и пееја во придружба на оркестарот на Втората армија за општа намена кој на 24 јуни ќе учествува на парадата по повод Денот на Победата на плоштадот „Кујбишев“.
Ветеранот им се заблагодари на војниците и призна дека му е тешко да се воздржи од емоции.
Виктор Метрикин е роден на 20 август 1926 година. На 17 години бара од воениот комесаријат да оди на фронтот и служи во 353 полк на 4 ударна армија и е воен извидувач. Во 1943 година на границата со Литванија е тешко ранет. За личната храброст и хероизмот е награден со два медала „За храброст“, а по војната со орден на Татковинската војна од втор степен, како и со повеќе од 15 медали.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче