Од руски манастир побегна папагал што научил да се моли

Јулија Капишникова/Global Look Press
По 24 часа папагалот Ромка со зборовите „Спаси, Господи“ и „Господи, помилуј“ сепак се врати кај монахињите.

Во Серпухово е фатен жителот на Воведенскиот женски манастир, папагалот Ромка, пишуваат руските медиуми.

Во сестринството папагалот помина четири години. За тоа време научи да се моли и поздравува. Во неговиот вокабулар се наоѓаат изразите „Спаси, Господи“ и за секој случај „Господи, помилуј“. Монахињите велат дека е многу друштвен, сака да разговара со луѓето, но и со својот одраз во огледалото.

Ромка го напушти манастирот кога една од монахињите излегла на улица, заборавајќи дека папагалот ѝ стои на рамо. Избеганиот папагал го бараа во целиот манастир, а неговото исчезнување беше објавено и на социјалните мрежи, со ветена награда за оној што ќе го пронајде.

Меѓутоа, папагалот сам се врати во својата обител. Монахињите го забележаа на дрво и успеале да го намамат на посни колачи. Настојничката на манастирот им препорача на монахињите да водат сметка за рамењата.

Погледнете го видеото: Валаамските монаси го научија папагалот Гоша да се моли

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња