Размена на музички подароци: Дачиќ на Лавров гитара, а Лавров на Дачиќ микрофон

facebook/maria.zakharova.167
„Дачиќ му подари на Лавров гитара да свири. Лавров му подари на Дачиќ микрофон да пее. А на оние кои танцуваат ништо не им подаруваат“, коментира Марија Захарова.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денес му врачи на Сергеј Лавров роденденски подарок – гитара. Рускиот министер на 21 март наполни 70 години.

„Бидејќи мојот пријател и брат Сергеј го прослави седумдесеттиот роденден – иако никој не верува дека тој има толку години, јас лични мислам дека има 50 – му подготвив роденденски подарок. Знам дека за него како и за мене музиката е составен дел на животот така што му подарувам гитара изработена од дрво кое расте кај нас во Србија“, изјави Дачиќ, а Марија Захарова објави фотографија од примопредавањето на подароците на својата фејсбук-страница.

Ивица Дачиќ, познат по тоа дека сака да пее, исто така не остана без подарок, така што доби микрофон од Лавров.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња