Во Чувашија пронајдено живо праисториско животно (ВИДЕО)

Дали е тоа опасно за луѓето?

Во Чувашката Република на Русија вработените во резерватот на природата пронајдоа живо праисториско животно. Во текот на редовната обиколка во близината на едно село на Цивилскиот реон е пронајден вид шкргоношци. Хидробиологот на резерватот „Присурски” го коментираше ова необично откритие.

На 15 јуни во околината на селото Иговари и селото Мунсјут на Цивилскиот реон вработените на агрохемиската служба вршеа испитување на тлото. Членот на комисијата Александар Александров објаснува како при обиколката забележале необично движење во една бара.

„Одлучивме да пријдеме поблизу и да погледнеме за што се работи. На дното пливаа реликтни раковидни шкргоношци”, објаснува стручњакот.

Тој вели дека средината во која живеат овие раковидни суштества е составена од „долготрајни“ бари со топла вода. Овој пат се работеше за примероци долги 60 милиметри.

„Ја измеривме нивната должина и зедовме неколку примероци за лабораториски испитувања. Во тегличката во која плива шкргоножецот се наоѓаат жолти парченца. Тоа е отфрлен оклоп. Да додадеме дека овој вид е стар околу 200 милиони години“, додава Александар.

Хидробиологот на резерватот „Присурски” Валентина Подшивалина го коментираше ова откритие. Таа објасни дека ова раковидно животно се нарекува шкргоножец-летен и дека во Чувашија постои и шкргоножец-пролетен. За човекот не претставуваат никаква опасност. ОСвен тоа, спаѓаат во загрозените видови на Чувашија.

„Овој пронајдок покажува дека на тоа подрачје владее добра еколошка ситуација. Ова раковидно животно се смета за реликтно. Не се променило за милиони години. На целата планета се останати помалку од 10 видови на овие животни“, објаснува Валентина Подшивалина.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња