Прва проба пред воената парада во Петербург: Над центарот на градот прелетаа 30 авиони и хеликоптери

Во Санкт Петербург се во тек подготовки на руската воена авијација за парадата по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна која ќе биде одржана на Дворцовиот плоштад на 24 јуни.

Триесет авиони и хеликоптери прелетаа над северната руска престолнина, соопшти службата за односи со јавноста на Западниот воен округ.

Во Санкт Петербург се одржа првата проба над центарот на градот во која учествуваа триесет авиони и хеликоптери, се наведува во соопштението.

Гледачите во текот на воздушниот дел на воената парада ќе видат хеликоптер Ми-26, повеќенаменски хеликоптери Ми-8, ударни хеликоптери Ми-24 и Ка-52 „Алигатор“, како и транспортни авиони Ан-26, АН-12 и Ту-134, ловци Су-35С и Су-30СМ и ловци-бомбардери Су-34 и пресретнувачи МиГ-31БМ.

На Дворцовиот плоштад се одржа и проба на пешадиските чети кои ќе учествуваат на парадата. На прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна ќе учествуваат околу 4,8 илјади припадници на руската војска, безбедносните структури, „јунармејците“ (детското движење „Јунармија“), како и кадети и курсанти на воените школи.

Ми-26 е најтешкиот транспортен хеликоптер на светот. Може да превезе 20 тони товар во кабината или закачен однадвор. Полетната маса достигнува 56 тони, брзината на крстарење 255 километри на час, а долетот со основните резервоари за гориво е 800 километри.

Ми-8 е во состојба да превезе до 36 падобранци или четири тони товар на растојание од преку илјада километри. Развиен е шеесеттите години на минатиот век под раководство на Михаил Миљ. Тоа е најмасивниот двомоторен хеликоптер на светот. Од почетокот на експлоатацијата се направени преку 12 илјади примероци на овие хеликоптери во десетици модификации.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња