Путин раскажа дека му телефонираат внуците на работа во Кремљ

Global Look Press
Рускиот претседател одговори на прашањето дали можат неговите внуци да поразговараат со него додека е на работното место.

Претседателот на РФ Владимир Путин рече дека разговара со внуците кога ќе му се јават во Кремљ. Ова шефот на руската држава му го раскажа на новинарот Павел Зарубин во интервјуто за филмот „Русија. Кремљ. Путин“, чиј фрагмент е објавен на профилот на Зарубин на Инстаграм.

„Можат да ми се јават. И се јавуваат“, рече Путин, одговарајќи на прашањето дали можат внуците да стапат во контакт со него во работно време, на пример, во Кремљ.

Претседателот на РФ разговараше со новинарот во својот работен кабинет во Кремљ. Зарубин исто така праша дали можат во тој работен простор да се најдат некои лични предмети, на пример, играчки на внуците на Путин. Одговорот не е објавен, но во едно претходно интервју Путин рече дека во неговиот претходен кабинет, во зградата на владата, од неговите лични предмети останало само пенкало.  

Во текот на „Директната линија“ 201Т8 година Путин рече дека би сакал да има почести контакти со внуците, но со жалење констатираше дека нема доволно време за тоа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња