Во резиденцијата на Путин поставен посебен тунел за дезинфекција

kremlin.ru
Во резиденцијата на претседателот на Руската Федерација во Ново Огарјово во близината на Москва е поставен посебен дезинфекциски тунел за заштита од коронавирус.

Секој посетител што поминува низ тунелот поминува низ „фин облак од течност“ кој облеката на луѓето и изложените делови на телото ги прекрива со дезинфекциско средство, пишуваат руските медиуми.

Портпаролот на претседателот на Руската Федерација Дмитриј Песков рече дека во Кремљ се поставени уште два такви тунели за дезинфекција.

Вработените во администрацијата на претседателот од крајот на март делумно беа префрлени на работа од далечина. Оние кои продолжија да доаѓаат на работа редовно се тестирани за коронавирус. Од коронавирусот заболеа бројни вработени во администрацијата на претседателот, вклучувајќи го и портпаролот Дмитриј Песков. Работењето од далечина за функционерите на Кремљ беше укинато на 15 јуни.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња