Путин им го честиташе на Русите Денот на Русија

kremlin.ru
Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе на Русите Денот на Русија.

Шефот на руската држава имаше обраќање на Поклонаја Гора, каде што првпат присуствуваше на церемонијата на кревање на националното знаме на Русија и врачувањето на ордените „Херој на трудот“. Церемонијата беше емитувана на јутјуб-каналот на „Русија 24“.

„Сакам да им го честитам на сите граѓани на земјава и на нашите сонародници во странство овој славен празник. Сите, за кои овој ден е исполнет со интимно значење. За секој од нас Татковината е семејство и татковски дом, родна земја од Калининград до Камчатка и Курилските острови“, изјави шефот на руската држава, пренесува Лента.ру.

Како што истакна Путин, на овие бескрајни простори е изградена „нашата илјадагодишна историја, исполнета со страници со голема слава и гордост, ненадминатата храброст на нашите предци, нивната вера и љубовта кон Татковината“. „Светлото, силно чувство спрема Татковината отсекогаш му помагало на нашиот народ да ги помине тешкотиите, да преживее, да ги издржи тешките искушенија, да одговори на сите предизвици“.

Денот на Русија се одбележува секоја година од 1992 година на денот на усвојувањето на Декларацијата за државен суверенитет на РСФСР - 12 јуни 1990 година.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња