Подготовки за Парадата на Победата во подмосковско Алабино: снимка од воздух

Министерство за одбрана на Русија
На 24 јуни во Москва ќе биде одржана парадата по повод одбележувањето на 75-годишнината од Победата во Втората светска војна.

На полигонот Алабино е одржана заедничка проба на пешадиските единици, моторизираната колона и свечениот строј на авијацијата на воената парада посветена на одбележувањето на 75-годишнината од Победата во Втората светска војна. Порталот „Ѕвезда“ објави ексклузивна снимка од квадкоптер:

Се наведува дека во составот на пешадиската колона поминале преку 40 свечени единици, во составот на моторизираната колона 232 единици современа и перспективна воена техника, вклучувајќи: борбени возила на пешадијата „Армата” со борбен модул „Кинжал”, тенкови Т-80БВМ и Т-90М, како и противвоздушни системи С-350 и С-400.

Во воздушниот дел на парадата учествуваа 75 летала.

До 24 јуни војниците ги очекуваат уште неколку тренинзи во подмосковско Алабино и на Црвениот плоштад.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња