Како изгледаше Москва првиот ден по укинувањето на самоизолацијата (ФОТО)

AP
На 9 јуни официјално беше укинат режимот на самоизолација во Москва. Еве како изгледаше градот со 13 милиони жители по речиси три месеци поминати во карантин.

Пред сé, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го укина системот на дигитални пропусници кои беа потребни за излегување поради лични причини (најмногу двапати неделно), за одење на работа и во болниците или за набавка на неопходните намирници и примање на неопходните услуги.

Градоначалникот исто така го укина распоредот на шетање според кој жителите на Москва можеа да се шетаат само во одреден период на денот (таа мерка беше воведена само една недела пред укинувањето на карантинот), како и ограничувањата за каршеринг, кој делумно проработе на 25 мај.

Московјаните побрзаа да ја искористат можноста и да се прошетаат по центарот на градот.

Во центарот веднаш повторно завладеаја сообраќајните метежи, иако повремено почнаа да се појавуваат уште за време на карантинот, особено откако почнаа да попуштаат мерките.

Луѓето во метрото притоа и понатаму го почитуваат растојанието од 1,5 метри, повеќето патници користат маски и ракавици. Официјално овие мерки сé уште не се укинати, особено не во продавниците и аптеките.

Од 9 јуни проработеа фризерите, салоните за убавина, фотографските студија, ветеринарните клиники и агенциите за вработување.

Од 16 јуни ќе бидат отворени летните бавчи на кафулињата, музеите, галериите и зоолошките градини. Во моментот на пишување на овој текст на рестораните и кафулињата кои работеа во режим на домашна испорака им е дозволено да ја продаваат храната во режим „за носење“, преку влезната врата или страничните прозорци.

Од 23 јуни ќе бидат отворени детските игралишта, скверовите, дел од парковите (еден дел беше отворен на 1 јуни), фитнес-клубовите и базените.

„Децата повторно ќе можат да се лулаат, а љубителите на спортот да ги развиваат мускулите на справите во паркот. Бабите ќе можат да се одмараат на клупите во дворовите, на скверовите и во парковите на Москва”, напиша градоначалникот на својот блог.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња