Животот во Москва од утре се враќа во нормала!

Константин Кокошкин/Global Look Press
На деветти јуни почнува постепено укинување на режимот на самоизолација, а до 25 јуни ќе бидат укинати сите ограничувања, рече градоначалникот на Москва.

„Веќе од утре, 9 јуни, се укинуваат самоизолацијата и системот на дозволи за излегување. Истовремено се укинува и распоредот на прошетки. Москва фактички се враќа во нормала“, соопшти градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин. 

Од деветти јуни Московјаните непречено ќе можат не само да излегуваат од дома, туку и да го користат градскиот сообраќај. Тоа се однесува и на постарите лица.

Од утре повторно ќе работат фризерските салони, салоните за убавина, ветеринарните клиники. Театарските, циркуските трупи, оркестрите и хоровите ќе можат да ги продолжат своите проби. Од деветти јуни на Московјаните исто така ќе им биде дозволено да ги посетуваат и гробиштата.

Една недела подоцна, на 16 јуни, ќе се отворат амбулантите и стоматолошките клиники, библиотеките, музеите, изложбените простори и зоолошката градина. Граѓаните ќе можат да ги посетуваат и спортските натпревари, но 90% од местата на трибините ќе останат празни.

Во последната, трета фаза, ќе се отворат фитнес-клубовите, базените и градинките.

Градоначалникот истакна дека веројатноста луѓето да се заразат е помала, но дека и понатаму постои.

Собјанин на крајот на обраќањето им честиташе на Московјаните и гостите на главниот град „уште една заедничка победа и голем чекор кон враќањето кон нормалниот живот“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња