8 убиствени фрази што Русите ги вадат од такт

Getty Images
Ако сакате да навредите некој Русин, да ги расипете односите и да се уверите дека е лага оти времето ги лекува сите рани (односно, дека некогаш ќе ви биде простено), обидете се да изговорите нешто од овој список:

1. „Американците и Англичаните ги победија Нацистите!“

Кажете го ова ако сакате од некој Русин да направите смртен непријател. Ова неодамна го изјавија во Белата „Твитер“ куќа. И Твитер секако беше преплавен со прашања што ги поставуваа Русите. А, кој го освои Берлин?!, се интересираа тие.

Полошо од тоа да кажете дека Американците го победиле Хитлер е само изјавата: СССР не е победник во Втората светска војна. Ова е навистина неправедно тврдење зашто на Источниот фронт нацистите изгубија над 70% од целокупната воена техника и од луѓето. Во Русија не постои ниту едно семејство кое не било засегнато од Втората светска војна. Доволно е да се каже дека војната однесе речиси 27 милиони животи на советските граѓани,

2. „Зошто вие Русите пишувате со кирилица, а не со нормална абецеда?“

Зашто сакаме да ви го искомплицираме животот, тоа е очигледно!

Ние го имаме избрано писмото уште во 10 век, кога прашањето на писменоста било тесно поврзано со изборот на религијата. И немаме намера да се откажеме од кирилицата, како што нема да се откажеме од палачинките, од душевните страдања и од вотката.

3. „Зарем е толку тешко да научите англиски?“

Точно е дека поголемиот број Руси не знае англиски или ако го знае, го знае слабо. Но, за тоа постојат причини. И главно е тоа дека нам англискиот јазик едноставно не ни е толку потребен. Што ќе ни е: 72% од државјаните на Русија немаат пасош. Сите филмови се синхронизирани, сите книги се преведени. Поголемиот број Руси никогаш немаат видено странец. Затоа немојте да мислите дека Русите се едноставно мрзеливи или дека се неспособни да научат странски јазик.

4. „Зошто сè уште живееш со родителите?“

Русите не ги бркаат од дома своите деца штом ќе наполнат 18 години. Младите кои тукушто завршиле училиште сепак се уште зелени, наивни, а немаат ни пари за самостоен живот. Згора на тоа, Русите често живеат со своите родители или со други роднини зашто становите се премногу скапи.

5. „Па, ти си од земја во која до вчера пивото беше безалкохолен пијалак!“

Не, ние отсекогаш сме знаеле дека пивото содржи алкохол. И не станува збор за нашата држава, ами за меѓународната класификација на стоки и услуги од 1957 година, која правела разлика помеѓу пиво и алкохолни пијалаци (пивото влегуваше во категоријата прехранбени производи). Русија мораше да се придржува кон оваа класификација, а „грешката“ ја користеа трговците: пивото се продаваше во секо време од денот и можеше да се консумира на секое место. Работите се променија дури во 2013 година со воведувањето на новиот закон.

6. „Зарем и вие имате Мекдоналдс (Старбакс итн.,)?“

Од каде да имаме? Немаме ниту банки, ниту кредитни картички, каршеринг, смути, ПејПел! Уште се ословуваме со „товаришч“ и мразиме сè што е странско.

7. „Од кај знае Русин што е лето!“

Многу Руси веруваат дека Американците не знаат што е зима и снег, па сега сме квит. Но, ако зборуваме сериозно, Русите знаат што се тоа летни температури од над 30 степени! И ги чувствуваат на своја кожа во Русија.

8. „Толку сте мрзеливи што не можете да излезете на протест!“

Ако прашате која е најголемата слабост на еден Русин, одговорот сигурно ќе биде „рамнодушност“. Ние сме идеални фаталисти. Но. Тоа не рамнодушност кон сè, да кажеме, кон пријателите и кон блиските. А, не сакаме ни „златна средина“. Кога нешто навистина ни пречи, ние се спротивставуваме на тоа, ги уриваме сите мостови (кој на светот му ја покажа една од најстрашните револуции?). Со еден збор: ние сме сè, само не мрзеливи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња