Пандемијата силно влијаеше на сечиј живот, па и на стриптизетите, кои не можат да заработат веќе со месеци. Овие девојки од Јакутија не се предаваат лесно. Во договор со локалната пицерија CityPizza сега можат да заработат добро.
„Деновиве нема многу добри курири“, вели директорот на синџирот пицерии Александар Скрипин. „Освен тоа, мораме да се помагаме во овие тешки времиња. Танчарките се добредојдени во нашиот бизнис“.
Стриптизетите разнесуваат пица облечени како за настап во клуб. Единствено што се промени во нивниот изглед се задолжителните маски и ракавици.
Се разбира дека градските власти ги видоа овие снимки, но немаат ништо против девојките да заработат. „Од чисто морална и етичка гледна точка не сме многу сигурни дека сé е во ред, но законите се испочитувани“, вели портпаролот на градоначалникот на Јакутск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче