Овие позитивни промени ги изнесе во разговорот за новинскиот портал „Лента“ психологот и заменик-директор на Московската служба за психолошка помош Нина Петроченко.
„Московјаните станаа посочувствителни, многумина се подготвени да им помогнат на соседите за кои не ни знаеле дека живеат со нив во иста зграда. Луѓето почнаа да сфаќаат дека ни најмалку не е тешко да ѝ заѕвоните на постарата сосетка на врата и да ја прашате како е“, рече Петроченко.
Според нејзините зборови, наоѓајќи се во принудна изолација Русите исто така биле принудени да покажат поголема свесност во поглед на комуникацијата. Како што забележа таа, сите луѓе нема да успеат по укинувањето на ограничувањата да ги сочуваат споменатите позитивни особини, но на дел од населението тоа секако ќе му појде од рака.
Раководителот на Центарот за урбана антропологија на компанијата „Стрелка“ Михаил Алексеевски верува дека во руското општество по епидемијата на новиот коронавирус ќе има повеќе доброчинство и волонтерска работа.
Според него, уште сега можат да се забележат засилена солидарност и активизам, појави кои во општеството се забележуваат по разни несреќи, на пример, земјотреси или поплави. Експертот смета дека наведените тенденции во иднина само ќе се засилуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче