Долна облека под проѕирно заштитно одело - Самара ја поддржа „бикини медицинската сестра“ (ФОТО)

Перформансот е изведен како знак на солидарност, а луѓето истовремено дознаа какво е чувството непрестајно да се носи заштитно одело.

„Тешко е да дишете, се потите, лицето ви е стегнато. Како да сте во сауна“, го опишува една граѓанка на Самара своето чувство во одело.

На социјалните мрежи Русите објавуваат свои фотографии во долна облека под заштитно одело и порачуваат дека сите треба да знаат како е да се помине цел ден во нив.

Локалниот новинар Леонид Кошма, кој исто така учествуваше во оваа акција, вели дека е неподносливо, а маската е постојано замаглена. „Голема почит за лекарите, а костимите за капење не се нешто од што треба да се срамувате“.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња