Ентузијасти од германското гратче Зил со свои раце го направија сигурно најголемиот мотоцикл на светот. Раководител на целокупниот проект е Тило Нојбел од мото-групата Harzer Bike. Тој се обиде да направи своја верзија на „германски мотоцикл од времето на Втората светска војна“. Меѓутоа, на крајот доби огромно чудовиште во советски стил. Неговите творци истакнуваат дека при неговата изработка активно слушале „Рамштајн“. Притоа тие додаваат дека со музиката консумирале и „живо“ месо за да добијат едно вакво превозно средство.
Вероватно највећи "home-made" мотоцикл на свету.
— Marsonline (@gvozdenavolja) May 24, 2020
>Према извору ову "чудовиште" покреће мотор који је скинут са основног борбеног тенка Т-55. Његова запремина достиже 38800 кубних центиметара, а снага 580 коња. pic.twitter.com/XdwcQRHXCQ
Мотоциклот го движи мотор V12 симнат од советскиот среден тенк Т-55. Карактеристиките на моторот В-55 вклучуваат запремнина од 28 илјади кубни сантиметри, што е доволно да се достигне сила од 580 „коњи“. Без оглед на големата моќ на овој мотор, мотоциклот не може да постигне голема брзина.
Неговите размери повеќе одговараат на помал товарен камион. Мотоциклот е долг 5,8 метри, додека неговата ширина достигнува 2,8 метри. Вкупната маса достигнува 5 тони. Тенкот-мотоцикл (Panzerbike) има такви габарити што влезе во Гинисовата книга на рекорди како „најтешкиот мотоцикл на светот“. Со овој мотоцикл се управува преку управувач со голема должина со кој се движи предното тркало. На неговата основа е закачена и странична приколка, на која се наоѓа уште еден член на екипажот, кој преку својот волан управува со тркалото на која е потпрена.
Самите изведувачи на овој проект го нарекоа своето „чедо“ Katharina die Große (Катарина Велика) и истовремено поставија голем советски грб на предниот дел на маската на помошната приколка. На мотоциклот Panzerbike се видливи разни предмети карактеристични за војската и имитации на вооружување: ракета на задниот дел на страничната приколка, големи канистери за гориво, гасни маски, минофрлачки гранати, сандаци за муниција...
Нема никакво сомнение дека проектот Panzerbike благодарение на своите карактеристики (димензиите, изгледот, видот на погонот) привлече големо влијание кај вљубениците во овие превозни средства, без оглед на низата недостатоци. Тој пред сé е наменет за развеселување на луѓето на мото-собирите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче