Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за доделување орден на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу „За заслуги пред татковината“ од I степен со мечеви, пренесуваат руските медиуми.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров му го честиташе на Шојгу 65 роденден, нарекувајќи го доверлив пријател.
Лавров ја објави својата роденденска честитка во весникот „Комерсант“.
„Ве познавам веќе многу години како доверлив пријател, вистински патриот и голем професионалец“, пишува Лавров. „Го ценам нашето пријателство. Секогаш искрено им се радувам на нашите средби, деловни или на спортски натпреварувања, со шолја чај покрај логорски оган или во Руското географско друштво“.
Лавров високо ги оцени и личните и деловните карактеристики на Шојгу, кои му овозможија успешна работа во различни области и успешно исполнување на сите поставени задачи. „Вашиот придонес во воспоставувањето современ систем за спречување и отстранување на последиците од вонредни ситуации, сеопфатното јакнење на одбранбените способности на земјата и зачувувањето на традициите на нашиот народ е невозможно да се процени. Вие денес сте на првата линија на заштита на националните интереси“.
Лавров му посака на Шојгу да го сочува јуначкото сибирско здравје и да продолжи да работи за доброто на татковината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче