Камерите за видеонадзор во Краснојарскиот крај во Сибир во градот Канск снимија пад на метеор, пишува новинската агенција РИА „Новости“.
Објектот е виден на 18 мај во 22:40 по локално време, а мештаните тврдат дека слушнале татнеж.
На снимката се гледа како на небото затреперува зеленикава светлост која потоа, приближувајќи се до земјата, гасне.
Според зборовите на корисниците на социјалните мрежи, метеорот не е забележан само во Канск, туку и во Курагинскиот, Минусинскиот и Каратузускиот реон на Краснојарскиот крај, но и во републиките Тува и Хакасија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче