Снимката е објавена на порталот Pikabu. На неа се гледаат неколку делфини како пливаат по должината на брегот.
„Природата толку се прочистила што делфините пливаат во плиткото“, се наведува со видеоснимката. Исто така стои и дека снимката е направена во четвртокот, 14 мај, во реонот на селото Витјазево во општината Анапа.
Според најновите податоци, во Краснодарскиот крај на Русија COVID-19 е забележан кај 2319 жители, 858 пациенти оздравеа, а 24 носители на инфекцијата починаа. Бројот на заболени во Русија е 262843, додека во земјата од коронавирусот вкупно починаа 2418 лица.
Властите на Краснодаркиот крај го продолжија режимот на самоизолација поради пандемијата на коронавирусот до 23 мај. По наведениот рок се планира да почне со работа јавниот сообраќај во рамките на општините, додека меѓуградскиот сообраќај ќе биде запрен и понатаму, а на надворешните граници на регионот ќе се спроведува засилена контрола.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче