98-годишна Русинка, воен ветеран, собра 3 милиони рубли за семејствата на починати лекари

Зинаида Корнева l Истории Зинаиды
На иницијатива на воениот ветеран Зинаида Корнева се собира помош за семејствата на лекарите кои, помагајќи им на другите, самите не ја издржаа битката со короната. Од вирусот во Русија починаа повеќе од 180 лекари.

До денес се донирани повеќе од три милиони рубли, соопштува сајтот на Серуската општествена организација на ветерани.  

37 семејства веќе добија помош, секое по 30 илјади рубли, вкупно преку милион.

Давањето помош на семејствата го отежнува тоа што не се познати сметките на некои роднини на починатите лекари. Со тоа прашање сега се занимаваат волонтери и во текот на наредните десет дена организаторите на акцијата ќе ги поделат преостанатите пари. Но, собирањето средства продолжува. Во текот на пандемијата во Русија починаа повеќе од 180 лекари.

Зинаида Корнева предложи собирање материјална помош кога дозна дека британскиот ветеран Том Мур собрал околу 37 милиони долари за Националната здравствена служба на Велика Британија. Капетанот Мур, кој во својата 99 година едвај се движи, направи со таа цел 100 круга околу својата градина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња