Претставникот на Кремљ лично рече дека се наоѓа во болница.
„Да. Се разболев. Се лекувам“, изјави Песков и додаде дека не бил во близина на Путин повеќе од еден месец.
„Пред повеќе од еден месец“, одговори претставникот на Кремљ на прашањето кога последен пат лично контактирал со претседателот.
Песков не е првиот претставник на руските власти кој заболе од коронавирус. На 30 април премиерот Михаил Мишустин му соопшти на претседателот Путин дека неговиот тест на коронавирус бил позитивен, на 1 мај беше хоспитализиран министерот за градежништво Владимир Јакушев, а на 6 мај министерката за култура Олга Љубимова.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче