Да се наежиш: Луѓе од целиот свет пеат руска воена песна (ВИДЕО)

Екипа на меѓународната младинска програма на „Россотрудничество“ „New Generation“ на денот на Големата победа претстави музички клип во кој потомци на победниците во различни земји на светот ја изведуваат познатата руска воена песна „Ех, патишта“. Погледнете го овој трогателен спот!

Една од основните насоки на работењето на Россотрудничество е развој на пријателски и партнерски односи со странските држави. Многу земји со Русија ги обединуваат не само идните перспективи, ами и заедничкото минато. Татковците, дедовците и прадедовците на милиони луѓе направиле подвиг во име на мирот и слободата на Земјата, херојски се бореле на бојните полиња на Големата татковинска војна (22 јуни 1941 – 9 мај 1945 година).
На видеото деца, внуци и правници на Победата исполнија една од најпознатите советски песни, напишана од Анатолиј Новиков на стиховите од Лев Ошанин веднаш по завршувањето на војната. „Ех, дороги...“ се слушна на видеото на руски јазик. Легендарната песна се слуша од Белорусија, Брисел, Полска, Латвија, Узбекистан, Казагстан, Ерменија, Молдавија, Велика Британија, Украина, САД, Бугарија, Србија, Германија... Текстот од песната што им е познат од детството ги обединија спомените, личните приказни, тагата од загубата на луѓе од 20 земји на единствениот фронтовски албум. Учесниците во видеото во рацете држат портрети на нивните татковци, дедовци, прадедовци, и, секако, црвени каранфили. Симболот на победата со црвен конец се гледа на целото видео, потсетувајќи на хронологијата на Големата татковинска војна.
Една од првите битки од Големата татковинска војна се случи покрај ѕидините на Брестската крепост. Имено, со положување цвеќе во Белорусија и започнува видеото. На крајот, пак, можеме да видиме поклон пред споменикот „Војник-ослободител“ во Берлин. На 8 мај 1945 година Германија потпиша Акт за безусловна капитулација. Овој документ го означи крајот на Големата татковинска војна.
Учесниците во „Ново поколение“ докажаа и покажаа со свој пример дека ја признанието, оддавањето почит и на зборовите на благодарност за хероите на Големата татковинска војна не постојат граници, ниту препреки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња