„Бесмртниот полк”: Русите ќе објават на социјалните мрежи стотици илјади фотографии на своите предци

Алексеj Дружинин/Sputnik
На акцијата посветена на споменот на хероите од војната веќе ѝ се приклучија преку 600 илјади луѓе. Прошетката која веќе неколку години се одржуваше на 9 мај на улиците на руските градови е префрлена во виртуелното поле поради пандемијата на коронавирусот.

Поради ширењето на коронавирусот во Русија е откажана акцијата „Бесмртниот полк“ која последниве години на улиците собираше луѓе со портрети на нивните предци-учесници во Втората светска војна. Организаторите сепак предложија нов формат на овој настан: виртуелна прошетка во која можат да учествуваат сите заинтересирани.

За да се вклучите, треба само да пополните образец со податоците за членот на своето семејство кој се борел во војната, како и да додадете своја фотографија и фотографија на својот роднина на сајтот на „Бесмртниот полк“ или на социјалните мрежи на проектот.

Од сите фотографии ќе биде направена единствена видеониза. Виртуелната прошетка ќе биде прикажана на телевизиските канали и различни интернет платформи, а ќе биде емитувана на 9 мај со почеток во 2:00 часот по московско време. Освен тоа, истиот ден во 19:00 часот по московско време руските граѓани ќе излезат на своите тераси со портрети на хероите од војната и ќе ја испеат песната „Денот на Победата“.  

Приказната за херојот или членот на семејството кој се борел во Втората светска војна можете да ја споделите со другите ако се пријавите на следниве платформи:

Можете да се пријавите и без фотографија на ветеранот, доколку таа не е зачувана. Датумот на раѓањето и смртта на херојот на војната, како и степенот на сродство исто така не е задолжително да се наведе. За време на прошетката многумина носеа портрети не само на членови на семејството, туку и на познати херои од војната, на пример, на маршалот Георгиј Жуков. Имаше и луѓе со портрет на Сталин, кој за време на војната беше на чело на СССР.  

Русите исто така имаат можност на социјалните мрежи да го раскажат она што од личните контакти го знаат за подвизите на ветераните на Втората светска војна, додавајќи во својот пост тематски хаштагови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња