Тробојка над Москва: Денот на Победата ќе биде одбележан со огномет во националните бои на Русија

Скриншот
Во пресрет на Денот на Победата војската подготви 12000 полнења во 55 варијанти на боја и калибар.

Московското небо на 9 мај ќе сјае од уникатен огномет во вид на руската тробојка на Поклонаја Гора и Лужнецкиот кеј. Пред крајот на огнометот небото ќе биде украсено 40 секунди со искрести снопови во бели, сини и црвени нијанси.

Војниците на Западниот воен округ подготвија 12000 полнења во 55 варијанти различни бои и калибри. Огнометот ќе прави куполи со пречник од 300 метри на висина од преку 500 метри, соопшти информативната служба на воениот округ.

Покрај тоа, војниците на Западниот воен округ вежбаа оган од артилериски орудија ЗИС-3 од времето на Втората светска војна. Слични вежбовни акции во пресрет на празнувањето на Победата се организираат во сите воени окрузи.