Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека во главниот град на Русија има всушност околу 300 илјади заразени со коронавирус. „Тоа што откривме толку многу болни не е минус, туку огромен плус. Очигледно е дека во градот има уште повеќе болни. Нашите скрининг тестови покажуваат дека 2-2,5% Московјани се заразени со корона, а тоа значи околу 300 илјади луѓе“, рече градоначалникот.
Според последните податоци, во Москва се потврдени 92676 случаи на заболување од корона, а во земјата вкупно 117160. За целото време на пандемијата починаа 905 луѓе, 9227 се излечени.
Градоначалникот на Москва исто така изјави дека жителите на градот ќе мораат да носат маски и ракавици во јавниот превоз.
„Им даваме можност на поголемиот број луѓе да работат и сфаќаме дека ќе се зголеми бројот на луѓе во јавниот транспорт. Затоа воведуваме дополнителни мерки на самоизолација во метрото. Ќе биде задолжително носењето маска, ракавици, како и некои други барања за контрола на движењето во градот“, рече Собјанин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче