Во четвртокот, 30 април, во текот на видеоконференцијата со учесниците во серуската акција за борба против коронавирусот „Ние сме заедно“, претседателот на Русија Владимир Путин поразговара со шефот на компанијата „Аскона“ која произведува роба за спиење. Сега таа фирма почна да произведува медицински душеци за новите болнички кревети наменети за заболени од COVID-19.
Рускиот лидер му се заблагодари на претприемачот и истакна дека производителите на душеци сигурно ќе можат да го обноват своето производство затоа што побарувачката за нивната роба ќе се зголеми, со оглед на тоа дека душеците на граѓаните за време на самоизолацијата ќе станат неупотребливи поради интензивното користење.
„Уверен сум дека вашето производство ќе заздрави затоа што по акцијата „Седиме дома“ и изнудената самоизолација на многумина душеците дома ќе им станат неупотребливи поради интензивното користење па и вашето производство, се надевам, ќе заздрави онолку брзо колку што е тоа потребно за обновување на бизнисот“, изјави рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче