Илустрација
kremlin.ruТоа е буквално во крвта, во генетскиот код на Русите, нагласи претседателот на состанокот одржан по пат на видеоконференциска врска со учесниците на општоруската акција „Заедно“ а во врска со поддршката на општествено-ориентираните организации.
Путин им изрази благодарност на волонтерите, НКО и сите заинтересирани луѓе кои им даваат помош на оние на кои им е повеќе од потребна. Претседателот не ги заборави ни културните дејци, новинарите и претприемачите.
„Генерално на сите, сите оние кои во овие тешки денови не останаа на страна, туку покажаа искрена великодушност и вистинска граѓанска храброст, без какво било претерување“, рече Путин.
Тој особено истакна дека во овие ни малку лесни моменти активистите покажуваат тенденција на збивање на редовите во својата предана работа.
Претседателот нагласи дека активистите секојдневно заедно со лекарите практично се наоѓаат на првата линија на борбата против новиот коронавирус, несебично помагајќи, како што истакна тој, во болниците или разнесувајќи им разни потрепштини на повозрасните сограѓани.
Бројот на заразени во Русија од новиот коронавирус во овој момент надмина сто илјади. Оздравеа 1169 пациенти, пишуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче