„Велат дека во античка Спарта болните и децата го аномалии ги фрлале од планината Тајгет. (...) Ние знаеме дека општеството во Спарта навистина почивало на многу сурово уредување, но тоа не им помогнало и на крај Спарта изгубила секаква државност. Што се вели, историјата е учителка на животот“, рече Путин.
Тој истакна дека оние кои денес предлагаат постарите луѓе, кои се ризична група во епидемијата на коронавирусот, да се жртвуваат, да ѝ се „препуштат на судбината, во суштина, повикуваат на враќање на дивјаштвото и варварството“.
Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков објасни дека Путин користи сликовити споредби и историски слики во говорот за да појасно им ги пренесе на луѓето своите мисли. Тој истакна дека претседателот „ја знае тежината на своите зборови“. Претседателот зборува без суфлери и во пресрет на секое свое обраќање внимателно се подготвува.
„Покрај тоа што има навистина добра меморија, тој ги обновува стручните знаења за цел спектар прашања“, рече Песков.
Во текот на последните 24 часа во Русија се регистрирани 6411 нови случаи на коронавирус во 83 региони на земјата и на тој начин вкупниот број на заразени во Русија изнесува 93558. Досега вкупно починаа 972 лица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче