Русија ја претекна Кина според бројот на заразени со коронавирус

Рамиљ Ситдиков/Sputnik
Бројот на заразени со коронавирус во Русија надмина 87000.

Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија за изминатите 24 часа е зголемен за 6198 лица, така што сега во сите региони на Руската Федерација се потврдени 87147 инфицирани. Така Русија според бројот на случаи на зараза со коронавирус ја претекна Кина, каде во моментов се забележани 84500 заразени.

Тоа се гледа од податоците кои во понеделникот, 27 април, ги објави оперативниот штаб за борба против ширењето на новиот коронавирус.

Во Русија до сега починаа 794 заразени лица.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња