„На вистинскиот пат е да стане виролог“: Што прави Путин во самоизолација

Michael Klimentyev/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Путин работи напорно како и претходно, а голем дел од слободно време му посветува на спортот, рече портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

„Претседателот како и претходно се занимава со спорт, плива или вежба на различни справи“, вели претставникот на Кремљ. Песков додаде дека секој пат кога Путин проучува некоја проблематика, самиот „станува стручњак“ и потсети на шегата на Путин дека сите во земјата сега стануваат виролози.

„Јас ни најмалку не се сомневам дека Путин е на вистинскиот пат да стане виролог“. Песков исто така додаде дека претседателот на Русија нема суфлери и детално се подготвува за секој настап.

„Суфлери нема и не може да ги има. Претседателот многу сериозно се подготвува за секој важен настан“.

Портпаролот на Путин истакнува дека претседателот „има многу добра меморија и секој пат ги дополнува своите знаења во оваа или онаа област. Тој никогаш не доаѓа на преговори или советување неподготвен“, рече Дмитриј Песков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња