Руски боксери пуштија на небо „Исус“ голем колку деветкатница (ВИДЕО)

Боксерскиот сојуз на Свердловската област пушти во воздух балон со огромна икона на Христос Пантократор и молба „Спаси и сочувај!“

Боксерскиот сојуз на Свердловската област во Русија организираше во Каменск Уралски на втор ден Велигден, во услови на пандемијата на новиот коронавирус, необична акција на пуштање во воздух и лет над овој град на огромен банер со ликот на Исус Христос, закачен на балонот.

Цртежот со големина на деветкатница претставува копија на иконата „Христос Пантократор“ под која е напишано „Спаси и сочувај“. Иако на спортистите првобитната намера им беше да ја изведат акцијата и да им го честитаат најголемиот христијански празник на верниците токму на Велигден, временските прилики не им го дозволија тоа во неделата.  Снимката од пуштањето на балонот и летот на огромната копија на иконата Христос Пантократор над уралскиот град ја објави на својата страница на социјалната мрежа „Инстаграм“ претставникот на Боксерскиот сојуз на Русија од Екатеринбург Михаил Кајгородов.

Според пишувањето на „Комсомолскаја правда“, акцијата немала дозвола од локалните власти, но од службата за односи со јавноста на Каменск Уралски велат дека боксерите нема за што да бидат казнети.  

Колку за потсетување, на почетокот на овој месец патријархот Московски и на цела Русија Кирил крстосуваше низ Москва со иконата Умиление и со молитва за спас од епидемијата на новиот коронавирус.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња