Путин кажа колкава е хуманитарната помош на Кина во борбата против короната

Зајакната контрола на аеродромот Шереметјево

Зајакната контрола на аеродромот Шереметјево

Канцеларија за здравствена заштита на град Москва/TASS
Русија го зголемува производството на заштитни маски, така што во најскоро време ќе прави 7,5 милиони парчиња дневно.

Кина ѝ достави на Русија 150 милиони заштитни маски и два милиона заштитни одела наменети за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Ова го соопшти претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот посветен на санитарно-епидемиолошката ситуација во земјата.

„Ние во февруари, кога на нашите пријатели им беше најтешко, во Кина испративме два милиона маски. Во нашата земја сега од Кина, на различни начини, пристигнаа 150 милиони маски“, рече шефот на руската држава.

Владимир Путин на состанокот посветен на санитарно-епидемиолошката ситуација во Русија

Како што нагласи тој, планирано е производството во Русија во најскоро време да достигне 7,5 милиони парчиња заштитни маски дневно. „На почетокот на март произведувавме само 1,2 милиони маски. До крајот на месецов ќе правиме 3,5 милиони дневно, додека во најскоро време тој број ќе биде зголемен на 7,5 милиони“, рече претседателот на Русија.

Како што истакна Путин, во мај во Русија ќе бидат произведени сто илјади заштитни одела. Кога станува збор за хуманитарната помош од Кина, досега се испорачани околу два милиони скафандери. Според зборовите на Путин, нема потреба од увоз на антисептици, затоа што во земјата се произведуваат доволни количини. Кога станува збор за респиратори, нивното месечно производство е двојно зголемено, така што сега дневно се пласираат 280 илјади апарати. Од Кина се испорачани 2,5 милиони, а до крајот на април ќе пристигнат уште 700 илјади примероци, додека во мај се очекуваат дополнителни 2,6 милиони.

Во Русија се регистрирани 47121 случаи на зараза со новиот коронавирус, од тоа 4268 нови. Од почетокот на епидемијата починаа 405 пациенти, а 3446 оздравеа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња