Претседателот на Русија Владимир Путин со честитки за Велигден им се обрати на Русите. Првиот човек на земјата забележа дека поради епидемијата празникот минува во услови на ограничувања. Сепак, според него, велигденските традиции „ќе ја зајакнат нашата надеж и нашата вера“.
Зборувајќи за најактуелната тема во последно време, борбата со коронавирусот, Путин забележа дека ситуацијата се наоѓа под целосна контрола. Ресурсите за спротивставување на епидемијата и нејзините последици во земјата постојат, забележа претседателот. Тие се користат „внимателно, насочено“. Како приоритет Путин ја постави помошта на семејствата кои се нашле во сложена ситуација.
Шефот на државата исто така им се заблагодари на сите кои „по повикот на своето срце им подаваат рака на своите блиски“.
„Не постојат никакви сомнежи: достоинствено ќе минеме низ предизвиците што ни се испратени“, подвлече тој, додавајќи дека на овој светол празник на Воскресението Христово сè ќе биде во ред со Божја помош.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче