Веројатно, најневообичаено и најнеобично за овој Велигден беше тоа што празничните служби минаа во празни цркви и храмови. „Јас и моето семејство никогаш не ги пропуштаме Велигденските служби ниту во Русија, ниту во Македонија. Но, овој пат, за жал, ние, од разбирливи причини, никаде не отидовме“, вели Ања од Москва.
Ања со синчето Марко на велигденска служба 2019 година
Фотографија од лична архива„Го гледав преносот на службата од манастирот Св. Јован Бигорски“, одговара Тамара, која исто така е од Москва. „Да, навистина е тажно што оваа година не можеше да се оди на служба. Но, ние, во полн состав, заедно со децата ја дочекавме полноќта и го пречекавме со запалени свеќи овој светол празник. И, секако, се кршевме со јајца, не може без таа традиција!“, ни ги кажува своите впечатоци московјанката Вероника, позната на читателите како рекордер по вапсување јајца. (Се сеќавате, таа мината година вапса околу 100 јајца?)
А, кога станува збор за празничната трпеза, без оглед на ограничувањата, подготовките за неа се одвиваа во полна пареа, одговорно и креативно. Секако, главен украс и симбол на празничната трпеза се вапсаните јајца.
А, доколку во куќата има руска домаќинка, најверојатно на трпезата ќе се најде и главното руско празнично јадење – кулич!
Карантинот ги натера некои да научат нови нешта. Така, московјанката Надја, која веќе долго време живее во Македонија, за првпат направи кулич, и тоа не еден, ами цели три! „Многу вкусни излегоа“, коментира таа.
Слична приказна има и Маша од Уљјановск: „Првиот кулич го бев направила пред 8 години. И потоа решив дека јас и белите печива не си одиме еден со друг. Но, годинава сакав повторно да пробам. Излезе многу вкусен кулич, но не многу убав на око, затоа ќе ви покажам како со сладост го јаде мојот син!“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче