На претседателот на Русија Владимир Путин во новонастанатите услови најмногу му недостига директната комуникација со луѓето, меѓутоа, неговиот распоред во последно време стана поинтензивен, рече портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков во емисијата „Москва, Кремљ, Путин“.
За Путин, во работата е примарна комуникацијата со луѓето.
„Токму на тој начин тој формира слика за реалноста“, рече Песков.
Претходно Песков соопшти дека во услови на ширење на епидемијата на новиот коронавирус Путин преминал на режим на функционирање во самоизолација. Претседателот се чувствува „одлично“, истакна претставникот на Кремљ.
Освен тоа, Песков објасни дека одењето на Путин во болницата во подмосковската населба Комунарка, во која се лекуваат заболените од Ковид-19, по што беше објавено дека главниот лекар е позитивен на новиот коронавирус, не било невнимателно. Тоа е едноставно неговиот специфичен начин на работа, забележа Песков.
„Не смеете да заборавите дека, најверојатно, се работи за карактерна црта. Тој секогаш смета дека е потребно непосредно да се увери дека системот во криза и вонредна ситуација функционира како што треба“, нагласи Песков.
Тој претходно рече дека Путин не посетува масовни настани ниту држи состаноци со голем број луѓе. Освен тоа, луѓето со кои доаѓа во контакт поминаа строга медицинска контрола и направија тестови, нагласи Песков, истакнувајќи дека сите мерки на претпазливост уредно се почитуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче