Во Русија потврдени 2558 нови случаи на инфекција со коронавирус

Konstantin Kokoshkin/Global Look Press
Во текот на последните 24 часа во Русија се потврдени 2558 случаи на инфекција со коронавирус во 62 региони на Русија, соопшти оперативниот штаб за борба против коронавирусот.

Во земјата досега се регистрирани вкупно 18328 случаи на коронавирус во 82 региони.

Најголем број на новозаболени е регистриран во Москва (1355), во Московската област (495) и Санкт Петербург (121).

За 24 часа починаа 18 пациенти инфицирани со коронавирус. Во текот на целиот период на епидемијата во Русија се забележани 148 смртни исходи.

Истовремено од коронавирус во последните 24 часа оздравеа 179 лица, додека во текот на целиот период од вирусот оздравеа 1470 пациенти.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња