Руските воени стручњаци ја дезинфицираа воената болница во Ниш (ВИДЕО)

Министерство за одбрана на Русија
Руските стручњаци за хемиска заштита дезинфицираа уште една воена болница во Србија за пациенти кои не се заразени со коронавирус, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Групата руски стручњаци за радијациска, хемиска и биолошка заштита, која пристигна во српскиот град Ниш, ја дезинфицираше воената болница, се наведува во соопштението.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин дојде да ја провери подготвеноста на болницата за прием на пациенти и им се заблагодари на руските стручњаци за извршената работа.

„Ние навистина ја цениме нивната работа. Руските војници работат седум дена во неделата, навистина работат без одмор. Вчера, на пример, дезинфицираа 13 различни објекти во Белград. А денес во целост ја обработија болницата во Ниш и ја подготвија за прием на пациенти. Ова е голема помош од Русија“, рече Вулин.

Болницата е опремена со современа медицинска опрема, персоналот помина специјална антиепидемиска обука. Исто така, единиците за заштита продолжија со санитарен третман на медицинските установи во Белград, а лекарските екипи извршија прием и преглед на пациенти во Ќуприја и Панчево.

Управникот на Воената болница Ниш Јовица Станојковиќ истакна дека Воената болница Ниш првично била замислена како Ковид-болница, но нејзината улога подоцна е променета.

„Со одлука на Кризниот штаб презедовме друга улога и ќе вршиме прием на пациенти од Клиничкиот центар кои не се инфицирани со Ковид-19, така што ќе ги релаксираме нивните капацитети и ќе овозможиме да дадат позначителна поддршка на градот што се однесува до згрижувањето на инфицираните“, рече Станојковиќ.

Во текот на престојот во Србија, консолидираниот одред на Министерството за одбрана на Русија дезинфицираше повеќе од 35 медицински установи. Обработени се повеќе од 65 згради и објекти со вкупна површина од 400 илјади квадратни метри и повеќе од 25 делници на патишта со вкупна површина од околу 70 илјади квадратни метри.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња