Вести од руската провинција: Медицинари во скафандери се пуштија во потера по шетач (ВИДЕО)

Руската новинска агенција „В городе N“ дојде во посед на мошне необична видеоснимка на која се гледа како медицински работници се пуштаат во потера по еден маж. Снимката ја направи жителка на градот Арзамас во Нижегородската област (300 км источно од Москва).

Според зборовите на авторката, инцидентот се случил на 8 април попладне. Таа тргнала во продавница и патем здогледала како запира возило на брза помош од кое излегуваат неколку медицински работници во заштитни одела.

Мажот кој се наоѓал во непосредна близина на возилото одеднаш почнал да бега, а медицинскиот персонал да трча по него викајќи „стој“.

Сé се завршило така што медицинарите сепак го фатиле човекот во бег и го одвезле. Според информациите на некои медиуми, лекарите бркале заразен со новиот коронавирус за да го сместат во болница.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња