Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин одржа состанок со стручњаци по повод пандемијата на новиот коронавирус и спречување на ширењето на заразата. Шефот на руската држава притоа се пошегува како во пандемијата сите руски граѓани станале виролози, имајќи ја предвид сеприсутната желба да се разбираме во актуелната тема.
„Во овој момент би сакал токму да ги слушнам мислењата на стручњаците... Сите ние сега, ми се чини, станавме виролози. Цела земја, сите виролози. Меѓутоа, мислењето на вистинските стручњаци е важно, бидејќи во она што го преземаме се потпираме на мислењето на тие луѓе кои целиот свој живот го посветиле на тешката и важна, одговорна работа“, рече на почетокот на состанокот претседателот на Русија.
Путин истакна дека сите одлуки на власта во постојните прилики треба да бидат во склад со „заканата и адекватни на ситуацијата“. Притоа, како што рече тој, најважни се безбедноста и здравјето на граѓаните на Русија.
Во Русија во изминатите 24 часа беа регистрирани 1154 нови случаи на зараза со новиот коронавирус. Вкупниот број на заболени достигна 8672, а инфекцијата зафати 81 регион на оваа земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче