Руските воени лекари во Белград почнаа да примаат пациенти заразени со коронавирус

МО на РФ
По дезинфекцијата на медицинскиот центар „Драгиша Мишовиќ“ руските воени лекари почнаа да примаат пациенти кај кои постои сомневање дека се заболени од корона, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Пациентите ќе ги прегледаат два тима руски лекари кои претходно ја анализираа организацијата на процесот на лекување, се запознаа со опремата за дијагностика и спецификите на работата на српските колеги. Поради големиот број пациенти српската страна високо ја оцени помошта од Русите.  

„Уште пет медицински тимови се испратени да ја проценат епидемиолошката ситуација во Ќуприја, Нови пазар, Чачак, Лесковац и Крагуевац. Тие ги советуваат српските колеги како да организираат карантин и дезинфекциски мерки, го споделуваат со нив искуството во лекувањето патогени болести“, соопшти Министерството за одбрана на РФ. 

Еден руски медицински тим е резервиран за реакција во случај на нагла промена на епидемиолошката ситуација, како и за секојдневна контрола на здравствената состојба на рускиот медицински персонал.

Единиците за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ) со помош на специјална воена опрема ја санираа Белградската инфективна клиника и клиничкиот центар „Земун“ кои се наоѓаат во првите редови на борбата против коронавирусот. Тие ги примаат повеќето пациенти за кои се сомневаат дека се заразени, а подоцна ги распоредуваат по други болници, со оглед на степенот на болеста.

Уште еден тим руски стручњаци работи во болницата во Ваљево, каде што се обработени повеќе од 45 илјади квадратни метри внатрешен простор и 20 илјади квадратни метри територија на болницата.  

Според последните податоци, во Србија има 2200 потврдени случаи на коронавирус.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња