Денес во Италија многу установи се претвораат во болници за лекување заразени со коронавирусот, а тука влегуваат дури и некои изложбени центри. Пари за тоа не дава само владата, ами и локалните жители заедно со поранешните воени лица, вели во интервју за весникот „Комерсант“ заменик-директорот на Научно-истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Пастер“ во Санкт Петербург Александар Семјонов, кој моментално се наоѓа во Бергамо и работи со болните.
Како што вели стручњакот, во Италија кон крајот на март болеста почнала да се шири со експоненцијална брзина. „Во такви услови се тестира издржливоста на системот за здравство, а практично дојде до колапс. Не можете да замислите како се чувствуваше главниот лекар кога дозна дека имаме донесено неколку десетина респиратори и дека ние ќе работиме со нив. Се радуваше како дете кога ќе добие подарок за Нова година!“, вели рускиот вирусолог.
Според него, кај лекарите во Италија доаѓа до „прегорување“ поради непрекинатата работа и постојаниот прилив на нови заболени. „... во Италија еден лекар има еден или два респиратори, а тројца или петмина болени со респираторен дистрес синдром, што значи дека лицето практично престанува да дише. Тоа е лудо: да се наоѓаш пред избор кому ќе му дадеш да дише! Во таква ситуација поимот за лекарска етика повеќе не теоретска работа, ами станува исклучително тежок проблем за лекарот“, вели Семјонов.
Рускиот стручњак смета дека Италија задоцнила со мерките за карантин најмалку три недели и дека сегашната ситуација во земјата е последица на тоа што луѓето мислеле дека „коронавирусот е некаде далеку, а не тука“:
„Стручњаците што руската влада ги испрати во Италија се познати по тоа што во 2014 година беа испратени во Африка за да се борат против епидемијата на вирусот ебола“, вели за Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Според него, некои од нив, вклучувајќи го и Семјонов, беа во Кина по задача на Министерството за одбрана за лекување на заболените од инфекција со коронавирус, но тоа беа „краткотрајни и индивидуални службени патувања, а не цела медицинска експедиција, како што е случајот во Италија“.
„Информациите од овие лекари ќе бидат основа за воведување нови мерки во борбата против ширењето на коронавирусот во Русија. Едноставно кажано, тие директно ни покажуваат што не треба да се прави по ниту една цена, ако земјата не сака да се повтори италијанското сценарио“, повтори аналитичарот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче