Русија формира воздухопловна група за помош на Србија против коронавирусот, првиот авион полета!

Министерство за одбрана на РФ
По налог на претседателот на РФ Владимир Путин, формирана е воздухопловна група која на Србија ќе ѝ помогне во борбата против коронавирусот. Помошта ќе почне да се испорачува од 3 април, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Во соопштението на министерството се наведува дека „по налог на врховниот командант на Вооружените сили на Русија Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу нареди формирање воздухопловна група за брза испорака на помош на Србија во борбата против ширењето на заразата, почнувајќи од 3 април“, пренесуваат руските медиуми.

Единаесет руски авион ќе префрлат во Србија 87 воени виролози и лекари, како и „специјална медицинска опрема, средства за заштита и 16 единици воена техника“. 

„Во моментов на воениот аеродром Чкаловски се наоѓаат осум медицински бригади со современа опрема, како и одред стручњаци за радијациска, хемиска и биолошка заштита кои ќе спроведуваат мерки на дезинфекција со анализа на патогени материјали, аеросолна дезинфекција на транспорт и објекти. Тие се подготвени да се качат во воен авион Ил-76 и да полетаат за Србија“, велат од руското министерство за одбрана.

Според последните податоци на Министерството за здравство на Србија, од коронавирусот во земјата починале 31 лице, бројот на заболени достигна 1171.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња