Каква медицинска опрема ѝ испрати Русија на Америка?

Прес-служба на Постојаното претставништво на РФ при ООН
Во САД слета рускиот авион Ан-124 со медицинска опрема за заболените од коронавирус, наменет за борба со пандемијата во Њујорк.

На аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк вчера беше истоварен рускиот воен авион Ан-124 со респиратори и со средства за индивидуална заштита за вработените во медицинските установи на САД.

Како што јавуваат медиумите, авионот е брзо истоварен без типичните бирократски царински процедури. Товарот од Москва е прегледан брзo без да се отвораат пакетите. Исто така немало ни бирократски компликации кога станува збор за документите на членовите на екипажот на авионот.

На аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ аеродромот од Москва го дочека првиот заменик на постојаниот претставник на Русија при ООН Дмитриј Пољански со група дипломати. Според него,  помошта е главно составена од опрема и од средства за лична заштита што им недостасува на лекарите во Њујорк.

„Во Њујорк ситуацијата е навистина мошне тешка, ми се чини дека тука секоја маска и секое средство за заштита се цени“, рече заменикот на рускиот постојан претставник при ООН за руските медиуми.

Според прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, рускиот лидер, нудејќи ѝ помош на Америка, тргнал од тоа дека во случај на криза со коронавирусот во Русија, американската страна исто така ќе долета на помош.

„Кога американските производители на медицинска опрема и на материјали ќе ја започнат работата, тие исто така во случај на потреба ќе ни возвратат“, рече портпаролот на Владимир Путин.

Како што истакна портпаролката на Стејт-департментот Морган Ортагус, двете земји во минатото една на друга ѝ давале хуманитарна помош во време на криза и без сомнение тоа ќе го прават и во иднина.

Што ќе ѝ на Америка руска опрема?

„Америка навистина има една од најразвиените медицински индустрии кога станува збор за сферата на скапите услуги и лекувањето комплицирани случаи на индивидуално ниво. Но, во ситуација со коронавирусот станува збор за подготвеност на системот за релативно едноставна, но масовна зараза и за лекување на голем број жители. Излегува дека земјите кои се послабо развиени во врска со прашањето на високата медицина се подобро подготвени за решавање на вакви проблеми“, изјави за Russia Beyond главниот уредник на списанието „Русија во глобалната политика“ Фјодор Лукјанов.

Како што истакна тој, САД се соочиле токму со проблемот на лекување во ситуација на пандемија, за кое системот не бил подготвен. Затоа морале да ја купуваат неопходната опрема од странство. И тоа баш да ја купуваат, а не да преговараат за некои политички повластици од трета земја.

„За време на Втората светска војна САД на Советскиот Сојуз му има дадено економска помош врз основа на Законот за заем и за наем. Тоа сите нè чинеше пари. Сега им даваме помош на САД и тоа за пари. Не станува збор за никакви политички повластици, ниту за укинување на санкциите“, додаде Лукјанов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња