Kако изгледа Москва првата недела по воведувањето сеопшта самоизолација (ФОТОГРАФИИ)

Reuters
Празни улици, снег и полицајци со маски. Со други зборови, Москва по прогласувањето на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот стана идеална кулиса за снимање на зомби-апокалипса.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин обзнани воведување режим на самоизолација за сите граѓани без исклучок. Жителите на рускиот главен град ќе можат да ги напуштаат своите домови само заради одење на работа, купување во продавници со храна и аптеки, или изведување на домашните миленичиња во прошетка. Во Москва се затворени сите ресторани, барови, паркови, фитнес-центри и установи со забавен карактер.

Режимот на сеопшта самоизолација е на сила првично до петти април, по што може да биде продолжен на неопределено време, беше соопштено на каналот на Оперативниот штаб за контрола и мониторинг на ширењето на новиот коронавирус на сервисот „Телеграм“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња